Модул:
Менаџерско консултантство



Запиши се сега!

Опис на модулот

Менаџерското консултантство им помага на организациите и нивните менаџери да ја подобрат својата изведба преку дијагноза и анализа на постојните организациски проблеми и активно учество во развојот на акциони планови за организациско подобрување.

Консултантите за менаџмент ги користат своите деловни вештини и знаења за да понудат објективни гледишта, совети и стручна експертиза за оние организациски аспекти кои и’ недостасуваат на организацијата-клиент. Тие се фокусираат на стратегијата, структурата, културата, процесите и водството идентификувајќи можности за организацијата и давајќи препораки за промени, како и совети за дополнителните ресурси неопходни за спроведување на новите решенија.

Предмети од профилот:

  • Основи на консултантски процес
  • Менаџерско консултантство
  • Напредни консултантски вештини