Маерс-Бригсов индикатор на тип на личност

MBTI®: Што е тоа и зошто ни користи?

Маерс-Бригсовиот индикатор на типови - MBTI е најраспространетиот и најчесто користениот прашалник за одредување на типот на личноста. Тој помага да се разбереме самите, да разбереме каде се наоѓаме во рамката која ги објаснува разликите помеѓу луѓето на позитивен и конструктивен начин. Овој инструмент ни помага да ги воочиме значајните разлики помеѓу луѓето и да разбереме како различните типови можат да работат знаедно на комплементарен начин. Познавањето на својот тип на личност им помага на луѓето во изборот и напредувањето во кариерата, вреднувањето и одржувањето на пријателствата, воспитувањето на децата, како и разбирањето и збогатувањето на социјалниот живот. Организациите го користат за подобрување на комуникацијата меѓу вработените, тимската работа и водството.

Развиен е од страна на Isabel Briggs Myers и Katharine Cook Briggs и базиран e на теоријата на Карл Густав Јунг за темпераментите кај луѓето и е еден од малкуте модели на личност кој разликите ги опишува позитивно. Според овој прашалник не постојат добри и лоши типови, туку секој тип си има свои јаки страни и потенцијални слабости. Развиван е 20 години пред да биде прв пат издаден во 1962 година. Секоја година повеќе од 2,000,000 луѓе ширум светот го пополнуваат Маерс-Бригсовиот индикатор на типови што го прави овој инструмент универзално средство за меѓусебно разбирање во современиот свет.

Маерс Бригсовиот индикатор на типот на личноста е инструмент кој наоѓа широка примена. Се употребува за подобрување на работата во тимови, но и за индивидуална работа. Овозможува разбирање на својот и стилот на личноста на другите. Со разбирање на разликите во типовите, тимовите и индивидуите можат да работат поефективно, со подобрена комуникација и намалена конфликтност

Овој инструмент може да се користи индивидуално и во група, има широк опсег на примена на работното место вклучувајќи: индивидуален развој, менторирање, развој на менаџментот и водството; развој на тим и тимска работа; организациски промени и подобрување на комуникацијата.

Овој инструмент обезбедува точна слика за типот на личноста и ги одредува преференците врз база на четири дихотомии:

  • Екстравертност - Интровертност (опишува каде луѓето претпочитаат да го фокусираат своето внимание и од каде ја добиваат својата енергија - од надворешниот свет на луѓето и активностите или нивниот внатрешен свет на идеи и искуства)
  • Сензитивност - Интуиција (опишува како луѓето претпочитаат да ја перцепираат информацијата - фокусирајќи се на постоечките факти и реалноста или на шеми, значења, односи и можности кои ја надминуваат физичката реалност)
  • Мислење - Чувствување (опишува како луѓето претпочитаат да донесуваат одлуки - врз база на логичка анализа или водени од грижата за нивното влијание врз другите)
  • Судење - Перцепирање (опишува како луѓето претпочитаат да се справуваат со надворешниот свет - на планиран, организиран начин, или на флексибилен, спонтан начин)

Комбинацијата на овие преференци резултира во 16 различни типови на личност. Разбирањето на карактеристиките кои се единствени за одделен тип на личноста нуди увид во тоа како тие карактеристики влијаат на индивидуалниот начин на комуникација и интеракција со другите.

Цена: 3000 денари

Пријави го својот термин за тестирање веднаш!