Додипломски студии по менаџмент

Студирај и стани професионален Менаџер!

Искуствено ориентирани професионални студии по Оперативен менаџмент и Маркетинг менаџмент со силен акцент на совладување вештини по пат на размена на искуства и идеи за решавање менаџерски и организациски проблеми.

НАЧИНИ НА СТУДИРАЊЕ

Редовни, вонредни, студии на далечина и посебно дизајнирани студии за индивидуално менторско синергирање на топ-менаџери.

Академијата користи автентична дидактика на ефективна академска настава втемелена на андрагошките принципи на искуственото учење на возрасните. Содржините од наставната програма се обработуваат низ реални проблемски студии на случаи од македонското деловно секојдневие. Наставата е организирана во семестри со цел да се обезбеди сукцесија на меѓусебноповрзаните содржини од задолжителните и изборните предмети. Со ваквата динамика се овозможува поголема концентрација и интензивирање на студирањето, што е особено корисно при работа со возрасни студенти со деловно искуство кои се целната група на оваа студиска програма.

Основна и дополнителна литература за прв циклус на студии.

ИЗБОРНИ ПРОГРАМСКИ МОДУЛИ